СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(34) и А.В.(39), двајцата од Скопје, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Полицијата на 13 август годинава во населбата Лагадин во Охрид извршила претрес во двата автомобили на дилерите и во апартамнот во кој престојувале и пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.