Финансискиот тим на Бритни Спирс планира да го префрли нејзиниот имот во единствен фонд додека поп-ѕвездата ја презема контролата над своето богатство од 60 милиони долари откако судот минатата недела го укина т.н. конзерваторски надзор.
Овластениот јавен сметководител Џон Зејбл, кој во септември беше назначен за привремен конзерватор на Бритни, побара од судот да му дозволи да консолидира дел од фондовите на 39-годишната поп ѕвезда, според документи до кои дојде „ТМЗ“ во средата.
Документите укажуваат на тоа дека Спирс има повеќе фондови, од кои барем еден датира од стартот на финансискиот надзор што траеше цели 13 години. Зејбел сака сите фондови да ги спои во еден.
Поднесокот на Зејбл наведува дека Спирс има еден фонд кој датира од 2004 година, кога таа сè уште заработуваше од нејзиниот успешен албум In The Zone (2003).
Во документите, исто така, се наведува дека таа има уште еден фонд со посебни средства што бил создаден во 2018 година во текот на спорното старателство, иако не е јасно зошто е создаден посебен фонд.
Поднесокот на Зејбл не прецизира колку од богатството на Бритни е спакувано во секој фонд, имајќи предвид дека таа тежи околу 60 милиони долари, според „Форбс“.
Со укинување на претходните фондови и нивно комбинирање во единствен фонд, навидум би било полесно за Зејбл или други финансиски советници да го надгледуваат нејзиното богатство.