Уште еден македонски репрезентативец се радуваше на победа во најквалитетното фудбалско првенство во Италија. Откако вчера Елиф Елмас со Наполи славеше победа на гостувањњето кај Фиорентина, вечерва Илија Несторовски со Удинезе стигнаа до трите бода против фаворитот Милан.
Македонецот во игра влезе во 70.минута и донесе среќа за навивачите на „Дачиа Арена”, бидејќи по само две минути Рордиго Бекао постигна гол кој на крајот се покажа дека е решавачки.
На другите два завршени наатпревара од 1.коло во Серија А, Парма – Јувентус 0:1 и Фиорентина – Наполи 3:4.
Вечер од 20:45 часот играат:
Рома – Џенова
Каљари – Бреша
Сампдорија – Лацио
СПАЛ – Аталанта
Торино – Сасуоло и
Верона – Болоња.
Колото утре ќе го комплетираат Интер и Лече.