Во редовите на францускиот фудбалски првак ПСЖ завладеа паника, откако се повреди Килијан Мбапе на натпреварот со Тулуз. „Светците“ забележаа убедлива победа (4:0), но никој не се радува, бидејќи непријатни вести доаѓаат по првичните прегледи.
Мбапе заработил повреда на задната ложа. Според последните информации кои ги пренесуваат француските медиуми, се работи за посериозна повреда поради која можно е Мбапе да отсуствува и два месеци од фудбалските терени.