Мбапе еден месец ќе го нема на фудбалските терени

Францускиот фудбалски првак ПСЖ сакпо ја плати победата над Тулуз, бидејќи во наредниот месец ќе го нема на располагање својот напаѓач Килијан Мбапе. Покрај Мбапе се повреди и искусниот  Единсон Кавани. Двајцата напаѓачи на „светците“ заработија повреди на мускулот, а според лекарскиот тим на ПСЖ, полошо поминал Мбапе.

По направените лекарски прегледи кај францускиот репрезентативец е констатирано кинење на мускулот, што ќе значи надвор од теренот најмалку еден месец. Во овој период ПСЖ ќе треба да игра натпревари од домашното првенство со Мец, Стразбур, Лион и Ремс, ќе стартува во групната фаза од Лигата на шампионите за која допрва ќе бидат извлечени составите на групите, а две септемвриски средби ја очекуваат и француската репрезентација, против Албанија и Андора од квалифиакциите за ЕП-2020.

Кај Кавани состојбата е нешто подобра, па лекарите предвидуваат пауза од околу 20 дена. Ова значи дека Уругваецот би требало да биде подготвен за настап за гостувањето на „Жерлан“ против Лион, закажано за 22 септември.

Треба да знаете
Последни објави