Воената операција на сириските трупи во градот Кан Шејкун не крши никаков договор, вклучително и договорите меѓу Русија и Турција, за формирање на зона на деескалација во Идлиб, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за ТАСС.
„Говорејќи за ситуацијата во зоната на деескалација во Идлиб, особено во Кан Шејкун и околните области, сириските вооружени сили, поддржани од нас, не кршат никаков договор“, рече Лавров.
Рускиот министер истакна дека режимот на прекин на огнот не важел за терористите уште од самиот почеток.
„Најважно е дека и покрај сите мерки, вклучително и формирањето турски воени набљудувачки пунктови, гранатирањето во зоната Идлиб продолжи и некако се засили. За да се спречат ваквите провокативни активности, од сириска територија и од нашата воздухопловна база се изведуваат напади против цели кои претставуваат закана“, продолжи Лавров.
„Затоа елиминацијата на оваа жариште во Кан Шејкун од страна на сириските воени сили беше легитимна и неопходна од гледна точка на спроведување на задачите поставени од Советот за безбедност на ОН за решавање на сирискиот конфликт“, додаде тој.
На 19 август сириските воени сили почнаа офанзива врз градот Кан Шејкун, на југот на провинцијата Идлиб, кој беше под контрола на милитантите од 2014 година. На 21 август, „Ал-Масдар“ објави дека сириските провладини сили ја презедоа контролата врз Кан Шејкун.
Руските и турските претседатели, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, остварија билатерална средба во Сочи на 17 септември 2018 година, што резултираше со договор за воспоставување зона за дескалација (со длабочина од 15-20 км во Идлиб покрај линијата на контакт меѓу владините трупи и вооружената опозиција.