(Видео) Голем пожар кај Велешко езеро

Голем пожар избувна попладнево кај селото Отовица, во непосредна близина на езерото Младост кај Велес.

Од МВР изјавија дека нивна и противпожарна екипа е на терен со цел да се локализира пожарот.

Видео од пожарот.

„Општина Велес ги известува граѓаните дека во околината на езеро Младост избувна голем пожар и гори борова шума. Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.

Во моментот екипи на противпожарната служба од Велес и ЈП „Национални шуми” – Подружница ШС „Бабуна”, Велес се излезени на терен и се справуваат со настанатата ситуација. Истовремено се советуваат жителите на населбата Отовица, да обезбедат противпожарни апарати и лопати за заштита од пожарот и да внимаваат на својата безбедност“, велат од општина Велес.

 

 

Треба да знаете
Последни објави