(ВИДЕО) ДЗС за 24 инфо: Пожарот е настанат од градба на куќа

Дирекција за заштита и спасување дадоа изјава за 24 инфо, и ја открија причината за пожарот во Bелешко. Од ДЗС велат дека при изградба на куќа во Велес лицата кој работеле со алат кој предизвикува искри ја запалиле тревата кој од силина на ветерот почнала да се шири и настанал пожарот. Пожарот опфатил неколку локални места во Велешко а ветерот кој се движел од север кон југ го опфатил и хотел ,,Романтик” кај Велешкото Езеро. Засега пожарот е изгаснат и е во стабилна состојба, а екипите кој се на терен ќе дежураат да интервенираат доколку се повтори. Полицијата уапси четворица осомничени, а МВР сеуште нема официјални информации за настанот.

(Ф.С)

Треба да знаете
Последни објави