Мел Гибсон има двојна должност како режисер на „Смртоносно оружје 5“

Култниот серијал Lethal Weapon е познат по двајцата духовити другари полицајци, добрата акција и многу комични моменти.

Сите четири филма во серијалот се во режија на Ричард Донер, а главните улоги ги толкуваат Мел Гибсон и Дени Гловер како детективи на полицијата во Лос Анџелес – Мартин Ригс и Роџер Марто.

Петтото продолжение беше во процес на развој. По смртта на Донер во јули годинава, режисерското столче остана празно, а иднината на проектот стана неизвесна.

Сепак, според „Холивуд репортер“, Гибсон ќе ги преземе режисерските должности.

Цитирајќи го британскиот весник „Сан“, „Холивуд репортер“ објави во вторникот дека Гибсон го добил благословот од покојниот Донер да го режира Lethal Weapon 5.

„Донер го развиваше сценариото,“ рече Гибсон. „Пред да почине, ме замоли да го завршам, но јас не реков ништо тогаш. Тоа и го кажа на сопругата и на студиото и на продуцентот. Така, јас ќе го режирам петтиот“.

Треба да знаете
Последни објави