Во Англија, вечерва (21 ч.) се игра втората англиско-шпанска пресметка во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите. На „Енфилд“, Ливерпул го пречекува непредвидливиот состав на Вилјареал кој на патот до полуфиналето ги шокираше италијанскиот Јувентус и германскиот Баерн Минхен. Поучени од овие изнеандувачки резултати кои ги приреди „жолтата подморница“ тимот на Јирген Клоп ќе го пречека вечерашниот гостин како фаворит, против кога ќе има максимален респек. „Црвените“ во последните два меч на „Енфилд“ во нокаут-фазата од ЛШ не минаа најдобро со Интер (0:1) и Бенфика (3:3), но стасаа до полуфиналето благодарение на добрите резултати од гостувањата (2:0 и 3:1). Сега првата меч-топка ќе треба да ја одиграат на „Енфилд“ каде понесени од своите навивачи треба да го прекинат фудбалскиот сон на Вилјареал сезонава во ЛШ.
Ливерпул според досега прикажаното располага со висок квалитет и апсолутно заслужува да стигне на „Сен Дени“ во Париз и на 28 мај да се бори за пехарот со „големите уши“.
Вилјареал на клупата го има тренерот специјалист за мечевите во нокаут-фазата од европските натпреварувања – Унаи Емери и тоа е уште еден показател дека претстојата два неизвесни дуели. Ако Вилјареал приреди ново изнеандување и во двомечот со Ливерпул, тоа дефинитивно ќе претставува едно од најголемите фудбалски чуда во овој век.
Ливерпул и Вилјареал ги одмерија силите во полуфиналето на Лига Европа во сезоната 2015/16 година. Вилјареал на својот „Мадригал“ во првиот натпревар славеше со голот на Адријал Лопез во 90-та минута (1-0), но во реваншот не успеа да одолее пред налетите на домашните (0-3). „Црвените“ се пласираа во финале, каде загубија од Севијла која тогаш беше предводена токму Унај Емери.