Голем пожар веќе два дена беснее во атарот на селото Церје, општина Пустец, Мала Преспа.
Пламените јазици уништија огромна површина дабова шума, кои се дел од нацоналнот парк „Преспа”.
Според транската телевизја Топ чанел, непристапниот терен и ветерот се дополнителен проблем.
-На жителите од оваа област кои настојуваат да го спречат ширењето на пожарот кон селото им помагаат и припадниците на граничната полиција. Локалните власт побарале помош од Кризниот штаб во луѓе и средства, наведува телевизјата.
Според истиот извор пожарот на албанска страна се префрлил од Грција, каде во екот на денов пожарот е изгаснат со канадери.
До сега пожарот уништил 40 хектари.
Доцна попладнево вклучена е и противпожарната едница од Девол и Корча.