По трите синоќешни одиграни натпревари од плеј-офот во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА во серијата кој прв до четити победи, тимот на Бостон како гостин си ја заврши својата обврска со максимален скор од 4:0 против Бруклин. Во четвртата меѓусебна средба одиграна ноќеска Бостон победи со 116:112. Бостон во вториот круг од НБА плеј-офот ќе го чека за ривал подобриот од дуелот Милвоки – Чикаго.
Јута на гостувањето кај Далас загуби 102:77, по што Маверикс поведоа со 3-2 во победи. Во третиот период од мечот на сцена стапи Словенецот Лука Дончиќ и го реши победникот, па последната четвртина беше само формалност. Словенец погоди две тројки, а потоа погоди и две слободни фрлања, и имаше серија од 11 поени со уште една тројка. Во тој период од играта, Дончиќ постигна 19 од своите 33 поени. Имаше и 13 скока и пет асистенции. Шестиот натпревар на распоред е в четврток кон петок во Солт Лејк Сити.
Торонто остана во игра со гостински триумф од 103:88 против Филаделфија во петиот натпревар, против која намалија на 3:2 во победи. Филаделфија направи серија од три победи во првите три меча, а пропушти шанса пред своите навивачи да избори место во следната рунда.
РЕЗУЛТАТИ: Далас – Јута 102:77 (3-2 во победи), Бруклин – Бостон 112:116 (0:4), Филаделфија – Торонто 88:103 (3:2).