Митровиќ уште два чекори до историја

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ е прогласен за најдобар фудбалер во англискиот Чемпионшип во сезоната 2021/22.

Митровиќ во тековната сезона постигна 41 гол во дресот на Фулам и даде клучен придонес за враќање на лондонскиот клуб во Премиер лигата на три кола пред крајот на сезоната.

Доколку во преостанатите три натпревари уште два пати се запише во листата на стрелци, Митровиќ ќе стане апсолутен рекордер според бројот на постигнати голови во англискиот Чемпионшип.

-Како напаѓач секогаш се обидувате да постигнете што повеќе голови. Останаа да се одиграат уште неколку натпревари и ќе видиме каде ќе застанам”, изјави Митровиќ.

Треба да знаете
Последни објави