– Малолетната шведска активистка за борба против климатските промени Грета Тунберг за две недели го мина Атлантскиот Океан во јахта со нулта емисија стакленички гасови за да присуствува на глобална конференција за глобалното затоплување.
Грета, која има само 16 години, изутринава на социјалните мрежи напиша дека го гледа копното и светлата на Њујорк и Лонг Ајленд пред неа.
Тунберг и нејзиниот екипаж, за време на двонеделното патување се соочиле со бурно море и се очекува попладнево по локално време да пристигнат во Менхетен.
Таа одбива да патува со авион поради емисија на стакленички гасови, а акцијата против климатските промени е главната тема протестите што ги водеше во Шведска, со што ги инспирираше протестите на младите во стотици градови низ целиот свет.
Се очекува таа да одржи говор на самитот на ОН, посветен на климатските промени, што ќе се одржи следниот месец.