Над 30 повредени во судир на автобус и автомобил во Германија

Најмалку 30 луѓе се повредени, од кои поголем дел се деца, кога автобус се судрил со автомобил во германскиот град Бранденбург на Хафел, соопштија властите во источна Германија.

Локалната противпожарна служба соопштила дека 16 лица се сместени во две регионални болници, но дека засега нема информации дека некој е животно загрозен.

Несреќата се случила на околу 85 километри западно од Берлин.

Треба да знаете
Последни објави