Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави денеска дека земјите од Латинска Америка ќе се состанат во септември за да разговараат за заштитата и развојот на областа на Амазон погодена од катастрофални пожари.
Лидерите на амазонската област, освен Венецуела, ќе се состанат во Колумбија на 6 септември за да разговараат за единствена стратегија за зачувување на животната средина.
Според АП, Болсонаро повторно го критикувал францускиот претседател Емануел Макрон, велејќи дека сака да се претстави како „единствена личност“ која се грижи за околината.
Макрон, како и другите европски лидери, смета дека пожарот во Амазонија е глобален проблем поради клучната улога на шумата во екосистемот, додека Болсонаро верува дека водачите на државите од Групата 7 „се обиделе да го купат суверенитетот на Бразил“ за 20 милиони американски долари.