Хамане Нјанг од Мали е избран за претседател на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), објавено е денеска на веб-страницата на асоцијацијата. Изборите на новиот претседател на ФИБА се одржаа во Пекинг.
– Благодарам на сите национални федерации за нивната доверба. Ветувам дека целосно ќе се посветам на ФИБА и ќе им служам на интересите на нашиот омилен спорт на секаде низ светот, изјави Нијанг по укажаната доверба на Конгресот на ФИБА.
Тој претходно беше заменик претседател на ФИБА и претседател на ФИБА Африка.
Покрај тоа, Нијанг беше и прв човек на Кошаркарската федерација на Мали и беше министер за спорт на оваа земја.