Две деца брат и сестра синоќа биле пронајдени во возило во Аеродром. Децата биле пронајдени половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот Видео Смилевски – Бато. Братот и сестрата се на возраст од 7 и 4 години. По пријава на соседи интервенирала полиција, ги искршиле прозорците и ги извадиле децата кои веднаш се пренесени на скопските клиники.
Засега нема информација како децата останале сами во автомобилот.