Сипаниците не се искоренети во Албанија, Чешка, Грција и Велика Британија

Сипаниците се вратија во четири европски земји, за кои претходно се сметаше дека се ослободени од болеста, предупреди Светската здравствена организаицја. Болеста се уште не е искоренета во Албанија, Чешка, Грција и Велика Британија.

„Се враќаме назад, на погрешен пат сме“ вели Кејт Обрајан, од Канцеларијата за имунизација во СЗО.

Сипаниците се високо заразни и потенцијално опасно заболување кое предизвикува кашлица, чешање и треска. Заболувањето може да се превенира со две дози на МРП вакцината, која е достапна бесплатно за сите деца во Велика Британија.

Овие четири земји беа прогласени за безбедни од оваа болест, кога во одредено географско подрачје во текот на 12 месеци нема ендемски пренос. Обрајан вели дека овие земји, кои го изгубија статусот на искоренување, имале исклучително висока покриеност со вакцинацијата.

„Ова е аларм за целиот свет – постигнувањето на висока национална покриеност не е доволно, потребно е тоа да се постигне во секоја заедница, во секое семејство, за секое дете“ вели Обрајан.

Здравствените експерти предупредуваат дека лагите за вакцините против сипаници овозможиле ширење на болсета во одредени области или заедници.

Треба да знаете
Последни објави