Предлог законот за ЈО во собраниска процедура со 60 амандмани

Предлог законот за Јавно обвинителство е пред Собраниската комисија за европски прашања. За него има 60 амандмани. Се очекува расправата да трае околу два дена бидејќи има многу амандмани. Се очекува расправата да трае во текот на денешниот ден и во понеделник бидејќи во петок  и во сабота ќе тече седницата за изборот на нови министри.

По завршувањето на дебатата во понеделник, претседателот на Собранието Талат Џафери треба да одлучи кога овој закон ќе биде ставен пред пратениците на пленарна седница. За да биде усвоен предлог законот за јавно обвинителство потребно е двотретинско мнозинство кое власта според информациите до сега го нема обезбедено.

 

Треба да знаете
Последни објави