Во моментов најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште од самиот почеток на гренд слемот УС Опен го мачи повреда на левото рамо. Во првите две кола Србинот се носеше со проблемот, а за мечот од третото коло одигран ноќеска кој го доби со Аргентинецот Хуан Игнасио со 3:0 (6-4, 7-6, 6-1) рече дека болката била со силен интензитет.
– На моменти имав силни болки. Тешко е да се каже како ќе бидам следните денови. Добро е што на гренд слем турнирите имаме ден одмор. Ќе го искористам тоа со обид да ја неутрализирам болката или барем да ја смалам значително, изјави Ѓоковиќ.
Следен противник на Србинот на УС опен во Њујорк ќе биде подобриот од мечот меѓу Душан Лајовиќ и Денис Кудла.