Кошаркарите на Денвер Нагетс останаа „живи“ во серијата „прв до четири“, откако на свој паркет го совлада Голден Стејт со 126-121. „Воините“ се на триумф до пласман во конференциското четвртфинале, меѓутоа не успеаја вторпат да направат „брејк“ против Нагетси.
Мечот го реши тројката на Вил Бартон, постигната на седум секунди до крајот на натпреварот.
Српскиот кошаркар, во еден навистина фантастичен меч за гледачите, на секаков начин му помогна на својот тим, а тоа го стори и додека беше на клупата за резервни играчи.
Во одлучувачките секунди, Јокиќ од клупата, при резултат 121:123 водство на неговиот тим им довикна на соиграчите дека гостите својата акција ќе ја започнат со уфрлање на лоб под кошот. Токму тоа и се случи, но Риверс ја пресече топката уфрлена за Вигинс, а тренерот на Денвер, Мајк Мелоун бараше тајм аут.
Jokic called out the play from the bench ????#NBAPlayoffs presented by Google Pixel on ABC pic.twitter.com/e3gQkSHyas
— NBA (@NBA) April 24, 2022
Во игра влезе токму Јокиќ кој со својата асистенција, му овозможи на Вили Барон да постигне тројка, и со тоа практично да го реши победникот.
Никола Јокиќ блесна и го водеше својот тим до победата со 37 поени, а собра уште осум скока и шест асистенции. Дуото на Голден Стејт, Кари-Томпсон комбинираше 65 поени кои не беа доволни за славје.
Домашниот терен го искористи и Њу Орлеанс, па со 118-103 ја израмни серијата против Феникс. „Сонцата“ не успеаја да го амортизираат отсуството на Девин Букер и повторно да победат на гости, па со нерешени 2-2 се враќаат дома. Брендон Инграм ги предводеше поентерите со 30 поеми, ама најкорисен на паркетот беше Јонас Валанчиунас со 26 поени и дури 15 скока. Во таборот на Феникс се истакна Ејтон со 23 поени. Ветеранот Крис Пол постигна само четири поени.
На чекор до целта дојде и Мајами со првиот „брејк“ кај Атланта (86-110). Предводени од Џими Батлер „жешките“ триумфираа во „Стејт Фарм Арена“. Асот на Мајами уфрли 36 поени и фати десет скока за „дабл-дабл“ учинок, додека Хантер од Атланта го следеше со 24 поени.
Грчкиот ѕвер Јанис Адетокумбо го водеше Милвоки до третата победа против Чикаго (95-119). Неговиот тим се најде на триумф до следната рунда, а најдобриот кошаркар зад своето име на оваа средба постигна 32 поени, 17 скока и 7 асистенции.