Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме за септемвриските квалификациски дуели од ЕП-2020, на 5 и 9 септември на гостински терен со Израел и Летонија повика еден дебитант, Влатко Стојановски, новопечениот интеранционалец во францускиот Ним. Недостасуваат поради повреда стандардниот Стефан Ристовски од Спортинг, а Ферхан Хасани нема клуб. Другите каднидати во сисокот со 23 имиња се проверени репрезентативци кои добиваат покани од селекторот Ангеловски. Повратник е опоравениот интеранционалец од Ференцварош Стефан Спировски, разиграниот Иван Тричковски од кипарскиот АЕК, како и домашната сцена Љупчо Дориев.
На список од селекторот Ангеловски се најдоа – голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Дамјан Шишковски (Работнички) – одбрана: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (Ференцварош, Унгарија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Кире Маркоски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Марјан Радески (Шкендија), Љупчо Дориев (Академија Пандев) – напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Влатко Стојановски (Олимпик Ним, Франција).
Собирот на репрезентацијата е закажан за 2 септември во Скопје, а потоа експедиција заминува за Израел од каде по натпреварот се сели во Летонија.