Во Шпанија спасени повеќе од 200 мигранти

Припадниците на шпанската крајбрежна стража спасија повеќе од 200 мигранти кои се обиделе да пристигнат во Шпанија од Африка.

Крајбрежната стража соопшти дека мигрантите биле пронајдени вчера попладне во Алборанското море, помеѓу североисточно Мароко и југоисточна Шпанија.

Според официјалните податоци,  од почетокот на годината до средината на август во Шпанија дошле 18.101 мигранти. Ова е зголемување од 39 проценти во однос на истиот период минатата година.

Треба да знаете
Последни објави