Катица Јанева, ќе земе цела плата за август, но нема да земе пари за кирија за куќата во која живеела ниту за сметки. А1.он пишува дека Јанева веќе нема да ги добива парите кои ги добивала за оваа намена.
Спред пресметката на платата за месец август, службите од СЈО се консултирале со Управата за јавни приходи од каде што добиле повратна информација дека нема законски пречки и Јанева може да добие цела плата за изминатиот месец. Но, тоа се однесува само на основната плата.
Неизвесно е дали на Јанева ќе ѝ бидат исплатени 30% додатоци на плата за доверливост, посебни услови за работа и постоење висок ризик.