Министерот за култура Исмаили се сретна со учесниците на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со дел од учесниците на годинашното, 13-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“, што се одржува од 28 до 31 август. На средбата, на која присуствуваше и директорот на манифестацијата, Бурханедин Сали, министерот за култура им пожела успешно фестивалско издание.

Меѓународниот фолклорен фестивал „Скупи“ е во организација на ансамблот „Звуците на Каршиака“, а се реализира со поддршка од Министерството за култура. На годинашното издание ќе се претстават домашни ансамбли, но и фолклорни ансамбли од Азија и од Европа, односно од: Албанија, Турција, Косово, Хрватска, Словачка, Киргистан. Од 28 до 31 август ќе се одржуваат концерти во неколку  општини во Градот Скопје, како и во Тетово.

Треба да знаете
Последни објави