Руското Министерство за надворешни работи го советуваше германскиот медиумски гигант „Дојче веле“ да се фокусира на фактот дека само половина од кандидатите номинирани од партијата Алтернатива за Германија (АфД) се регистрирани за претстојните избори во регионалното законодавство на Саксонија, пренесува ТАСС.
Министерството на својата страница на Фејсбук во средата соопшти дека само 30 од 61 кандидат номиниран од десничарската партија се регистрирани за изборите во Ландтаг во Саксонија, додавајќи дека во овој германски регион АфД ја победи и Христијанско-демократската унија на Ангела Мекел ( ЦДУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на федералните избори во 2017 година.
Алтернатива за Германија соопшти дека одлуката е незаконска и се пожали во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
„Оваа информација ја објавуваме специјално за нашите пријатели од ‘Дојче веле’ на руски јазик и очекуваме да ги објават: Саксонијо, излези на улиците! Ако не знаат како да го кажат ова на германски јазик, ние ќе им дадеме идеја: „Sachsen, los auf die Strasse!“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.