Нов самит за Украина бил на агендата на телефонскиот разговор меѓу германската канеларка Англеа Меркел и рускиот претседател Влаидмир Путин, изјави портпаролот на Меркел, Штефан Зајберт, пренесува ДПА.
За време на разговорот двајцата лидери се согласиле да продолжат со планот за организирање самит во таканаречениот Нормандиски формат, во кој се вклучени Франција, Германија, Русија и УКраина, за надминување на украинскиот конфликт, изјави Зајберт.
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот соопшти дека во септември ќе се оддржи самит за Украина. Според Меркел самитот ќе треба да се одржи во Париз.
Проруските сепаратисти и украинските владини сили се борат во источна Украина уште од 2014 година. Германија и Гранција во изминатите пет години се обидуваат да најдат решение за конфликтот. Последниот самит на Нормандската четворка се оддржа во 2016 година во Берлин.
Зајберт изјави дека Маркел и Путин се согласија дека за украинскиот конфликт е потребна резолуција со цел да се забрзаат преговорите за идните гасни транзитни линии.
Двајцата лидери разговараа и за ситуацијата во Сирија, особено за воената ескалација на северозападниот дел на земјата, како и за почнување политички разговори под агенда на Обединетите нации, додава ДПА