Зеленски го предлага адвокатот Гончарук за премиер на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе му го предложи на Парламентот адвокатот Алексеј Гончарук да биде избран за функцијата премиер на Украина.

– Зеленски го именува Гончарук како свој предлог на средба со пратеници од неговата партија, изјави пратеникот Андриј Герус, кој е претставник од кабинетот на шефот на државата.

Триесет и пет годишниот Гончарук е адвокат, кој работи за администрацијата на Зеленски.

Треба да знаете
Последни објави