(Видео) Мистериозна светлина на британското небо, стотици луѓе ја алармирале полицијата

Стотици луѓе во британските градови Хал и Јоркшир биле загрижени кога забележале мистериозни светлини во портокалова и црвена боја кои во средата блеснале на вечерното небо. Полицијата добила бројни повици од вознемирени граѓани, а подоцна било утврдено дека станува збор за гасови кои потекнуваат од рафинеријата во Имингем и дека нема причина за паника.

Повеќе граѓани направиле снимки од црвената и портокалова појава на небото што ги вознемирила, опишувајќи ја глетката како џиновска рефлексија на светлина од автомобил.

https://youtu.be/5LTahDqeoa8

Други, пак, ги прашале корисниците на социјалните мрежи дали знаат за што всушност станува збор.

„Не можам да поверувам, ова изгледа како нешто од филм. Дали некој знае што е тоа“, напишал еден корисник на „Твитер“.

Полицајците по започнатата истрага за кратко време откриле за што се работи и упатиле апел граѓаните да бидат смирени.

„Имавме повеќе извештаи за мистериозен црвен сјај што се протега низ вечерното небо јужно од брегот на Хамбер. Веруваме дека станува збор за вишок гас ослободен од рафинеријата. Нема причина за паника“, соопштил портпаролот на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави