Одбројувањето заврши. Конечно од утре до 15 септември главен спортски настан за годинава ќе биде 18. Светско првенство во кошарка. По петгодишно чекање Светско кошаракрско првенство за првпат ќе се одржи во Кина. Мундобаскетот наместо во 2018 беше поместен да се игра во 2019 година, за првпат по 1967 година да не се совпаѓа во иста година со Фудбалското светско првенство.
За првпат на завршницата од мундобаскетот ќе играат и 32 репрезентации поделени во осум групи со по четири селекции. Кина, која единствена како домаќин не играше квалифиакции ќе ги нагости другите учецници во осум град: Пекинг, Шенжен, Гвангжу, Нанџинг, Шангај, Фошан, Вухан и Донгуан.
По натпреварите од групите се формираат нови групи во кои продолжуваат првопласираните две од секоја група и ги пренесуваат бодовите од првите групни натпревари, по што мундобаскетот ќе влезе во нокаут фаза со четвртфинални елиминациски натпревари кои се закажани за 10 и 11 септември. Полуфиналните натпревари се закажани за 13 септември, додека финалниот натпревар и борбата за третото место ќе се играат на 15 септември. Полуфиналните натпревари и натпреварите за прво и трето место ќе се играат во „Кадилак Арена“ во Пекинг.
![]()
БРАЈАНТ: ЗА ДВЕ-ТРИ ГОДИНИ ПАК ЌЕ БИДЕМЕ „ДРИМ-ТИМ“
Со вака испланираната завршница за 32 репрезентации, наместо со досегашните 24 учесници, ќе биде премиерен мундобаскет, а како прв фаворит според ФИБА (Светската кошаркарска федерација) го дочекува Србија. Селекцијата на северниот сосед го доби приматот на најдобар состав пред селекцијата на САД, која остана без најискусните кошаркари и главни ѕвезди во НБА-натпреварувањето.
САД немаат „дрим тим“ во Кина. Самодовербата дополнително им ја разниша поразот во подготвителниот меч во пресрет на мундобаскетот од Австралија, по што се огласи легендарниот Коби Брајан и призна дека сега и е шансата на Србија да ја победи селекцијата на САД.
-Имаме млади играчи. Ќе бидат носители на играта во своите екипи, па за две-три години кога повторно ќе бидеме „дрим тим“. Србија сега има прилика да не победи – вели Брајант.

ИНТЕРНЕТОТ, ТОПКИТЕ И ПЕРЕЊЕТО ДРЕСОВИ ГО РЕМЕТИ ФАВОРИТОТ
Селекциите веќе се пристигнати во Кина, а првиот фаворит Србија веќе го чувствува притисокот со тоа што сите ги гледаат на врвот. Од Кина северниот сосед испраѓа информации кои им внесуваа нервоза во таборот пред стартот на првиот натпревар, утре (9.30 часот средноевропско време) со Ангола. Селекторот на Србија Александар Саша Ѓорѓевиќ не крие дека нервоза меѓу неговите кошаркари внесува тоа што немаат интернет, немаат доволно топки за нормални тренинзи, а за перењето на дресовите им се наплатува дополнително во базата каде се одседнати. Овие неспортски проблеми српската репрезентација која замина во Кина без еден од најдобрите организатори на играта Милош Теодосиќ се надева дека нема да се одразат на резултати кои сите ги очекуваат од овој состав.
ПЕТ ЕВРОПСКИ СЕЛЕКЦИИ МЕЃУ ДЕСЕТТЕ ФАВОРИТИ СПОРЕД ФИБА
Според последната рејтинг листа на десетте фаворити за освојување на златниот медал која ја направи ФИБА во пресрет на почетокот на Светското првенство во кошарка дури пет се од Европа. Србија е првиот фаворт пред САД, а на третот место се проби Австарлија откако во подготвителниот меч го совлада тимот составен од игачите кои настапуваат во НБА-конкуренцијата.
Шпанија ја предводи лситат од 4. до десеттот место: Франција, Грција, Нигерија, Аргентина, Литванија и Бразил.
ГРУПИ И РАСПОРЕД ВО ПРВАТА ФАЗА ОД НАТПРЕАВАРИТЕ
Група А: Брегот на Слоновата Коска, Полска, Венецуела, Кина
Пекинг: 1. коло-31 август: Полска – Венецуела (10 ч.), Брегот на Слоновата Коска – Кина (14 ч.)
2. коло- 2 септември: Венецуела – БСК (10 ч.), Кина – Полска (14 ч.).
3. коло – 4 септември: БСК – Полска (10 ч.), Венецуела – Кина (14 .)
Група Б: Русија, Аргентина, Ј. Кореја, Нигерија
Вухан: 1. коло-31 август: Русија – Нигерија (13.30 .), Аргентина – Ј. Кореја (14.30 ч.)
2. коло -2 септември: Нигерија – Аргентина (10.30 .), Ј. Кореја – Русија (14.30 ч.)
3. коло – 4 септември: Ј. Кореја – Нигерија (10.30 .), Русија – Аргентина (14.30 ч.)
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Гвангжу: 1. коло – 31 август: Иран – Порторико (10.30 ч), Шпанија – Тунис (14.30 ч.)
2. коло – 2 септември: Тунис – Иран ((10.30), Порторико – Шпанија (14.30 ч.)
3. коло – 4 септември: Порторико – Тунис(10. 30 ч.), Шпнаија – Иран ((14.30 ч.)
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Фошан: 1. коло – 31 август: Ангола – Србија (9.30 ч.), Филипини – Италија (13.30 ч.)
2. коло – 2 септември: Италија – Ангола (9.30 ч.), Србија – Филипини (13.30 ч.)
3. коло – 4 септември: Ангола – Филипини (9.30 ч.), Италија – Србија (13.30 ч.)
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Шангај: 1. коло – 1 септември: Турција – Јапонија (10.30 ч.), Чешка – САД (14.30 ч.)
2. коло – 3 септември: Јапонија – Чешка (10.30 ч.), САД – Турција (14.30 .)
3. коло – 5 септември: Турција – Чешка (10. 30 ч.), САД – Јапонија (14.30 ч.)
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Нанџинг: 1. коло – 1 септември: Нов Зеланд – Бразил (10 ч.), Грција – Црна Гора (14 ч.)
2. коло – 3 септември: Црна Гора – Нов Зеланд (10 ч.), Бразил – Грција (14 ч.)
3. коло – 5 септември: Бразил – Црна Гора (10 ч.), Грција – Нов Зеланд (14 ч.)
Група Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Шенжен: 1. коло – 1 септември: Доминиканска Р. – Јордан (10.30 ч.), Франција – Германија (14.30 ч.)
2. коло – 3 септември: Германија – Доминиканска Р. (10.30 ч.), Јордан – Франција (14.30 ч.)
3. коло – 5 септември: Германија – Јордан (10. 30 ч.), Доминиканска Р. – Франција (14.30 ч.)
Група Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија
Донгуан: 1. коло – 1. септември: Канда – Австралија (9.30 ч.), Сенегал – Литавнија (13.30 ч.)
2. коло – 3 септември: Австралија – Сенегал (9.30 ч.), Литавнија – Канада (13.30 ч.)
3.коло – 5 септември: Канда – Сенегал (9.30 ч.), Литванија – Австралија (13.30 ч.)



