Министерот Хусни Исмаили во работна посета на Струмица

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска престојуваше во работна посета на Струмица  каде со својот кабинет ги посети институциите од областа на културата во овој град , како и објектот на каде во тек е изградбата на Стариот театар.

Исмаили истакна дека Министерството за култура преку двете национални установи Центарот за култура „Антон Панов“ и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј во Струмица во оваа општина континуирано поддржува голем број проекти од драмската, музичката и фолклорната дејност, како и проекти од областа на заштитата на културното наследство.  Тој се се запозна и со текот на реализацијата на тековните проекти поддржани од Министерството за култура.

При посеттата на објектот на Стариот театар Исмаили истакна дека интензивно тече обновата и дека очекува работите за целосна изградба да завршат до крајот на оваа година или пак во почетокот на 2020 година.

„На објектот, во градежна  смисла се финализирани  армирано бетонската конструкција, а поставена е и фасадната столарија, фасадата на објектот е  90% завршена и објектот е покриен во целост. Исто така во целост е поставена и  водоводната и канализационата инсталација а во голем дел е завршена и електричната инсталација,. Во тек е  и изведбата на работите во сценската кула за имплементација на сценско технолошките системи. Инаку до завршување на објектот остануваат завршните градежно занаетчиски работи, опрема и мебел во ентериерот,  поставување на аудио – видео ситемите како и партерното уредување. Согласно сето ова очекувам дека работите за целосна изградба ќе завршат до крајот на оваа година или пак во почетокот на 2020 година„- рече Исмаили.

Тој додаде дека  со реализацијата на проектот несомнено ги демонстрира заложбите на Министерството за култура, во сите градови во државата да го стимулира културното живеење, да го збогати со нови содржини, да овозможи една плодна соработка меѓу општините од регионот и пошироко.

Треба да знаете
Последни објави