Беше репрезентативка на Македонија, а денес работи како чистачка за да преживее

Ширета Брахими го носеше дресот на македонската фудбалска репрезентација речиси 10 години, а во моментов не ги преживува најдобрите моменти во животот затоа што мора да работи како чистачка.

Една од поранешните репрезентативк на Македонија, која освои шест шампионски титули, а во кариерата играше за неколку тимови меѓу кои ЖФК Наше Такси, Охрид и други, во моментов живее заедно со брат ѝ, кој има сопруга и деца.

„Живеам во тешка финансиска состојба. Чистам за две евра на час и не секој ден, туку само кога има работа. Се борев многу за дресот на Македонија, а денес никој нема да м помогне. Не знам како да се однесувам, мојот живот не е најдобар“, кажа поранешната фудбалерка за „Опен-ТВ.мк“

Фото: Опен-ТВ.мк

Треба да знаете
Последни објави