Колумбиските сили извршиле напад врз групата Револуционерни вооружени сили на Колумбија – народна армија (ФАРК), јавија светските агенции.
Владините сили убиле девет припадници на ФАРК во нападот, соопшти министерот за одбрана Гилермо Ботеро кусо време откако командант на распуштената група најави отфрлање на мировниот договор од 2016 година и продолжување на воените акции.
Ботеро на Твитер напиша дека герилците биле убиени во руралните области на Сан Висенте дел Кагуан во јужниот дел на земјата.