Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласира во 4 коло од отвореното првенство на САД откако уверливо го победи Дан Еванс.
Швајцарецот победи освојувајќи ги сите три сета, односно 6:2, 6:2 и 6:1 во гемови.
Федерер во текот на мечот погоди дури 48 винери, односно по два во еден гем, но имаше и голем број на грешки во сервисот, вкупно 19, иако сервисот му беше одличен.
На следното коло го очекува за противник победникот од дуелот меѓу Гофин и Карено-Буста.