Леванте претрпе болен пораз на домашен терен од Севилја и загуби со 2:3, неуспех кој доаѓа во ситуација кога тимот сериозно се приближи до сигурната зона и почна да верува во опстанок.
Составот од Валенсија беше отпишан на средина на сезоната, но фати натпрварувачки ритам и со неколку позитивни резултатите се доближи до тимовите кои се над црвената зона, но вчерашниот пораз од Севилја го става Леванте одново во лоша ситуација.
Енис Барди и соиграчите по трилер поразот од 2:3 сега се шест бода од сигурната зона, а ова посебно тешко му падна на капитенот кој инаку е вистински лидер на тимот.
Моралес вчера имаше улога на трагичар, бидејќи при резултат 1:2 промаши пенал и пропушти да го врати тимот во игра, па дури и да се надева на победа.
По крајот на мечот, Моралес беше облеан во солзи и не можеше да се помири со сценариото, но бидејќи е навистина ценет од сите, тој беше тешен од соиграчите, но и од противниците. Хесус Навас, Оливер Торес и Иван Ракитиќ го поддржаа, а Хрватот покажа класа и се огласи на Инстаграм.
– Главата горе пријателе, ти си воин! Ти посакувам сила и те охрабрувам, – порача Ракитиќ.