Светското првенство во кошарка денеска почна во Кина, а првиот дуел на Мундобаскетот и припадна на репрезентацијата на Србија која со убедлив резултат 105-59 ја порази Ангола.
Србија покажа зошто многумина очекуваат многу од оваа селекција во Кина, додека Ангола, која секако не е повеќе доминантна како порано ниту во Африка, немаше одговор за избраниците на Ѓорѓевиќ.
Така, Србија го отвори Мундобаскетот на најдобар можен начин и оствари убедлива победа во првото коло од групата Д. Најефикасен кај Србија беше Богдан Богдановиќ со 24 поени, Јокиќ и Милутинов додадоа по 14 поени, а Марјановиќ забележаа дабл-дабл со 12 поени и 10 скока.
Најефикасен кај репрезентацијата на Ангола беше Карлос Мораис кој постигна 15 поени