Во Лондон и останатите британски градови денеска почнаа собири против одлуката на британскиот премиер,Борис Џонсон за суспензија на работата на Парламентот два месеци до брегзит.
Демонстрантите на протестите го изразија незадоволството и покажаа решителност да блокираат брегзит без договор, пренесе „АП“.
Демонстрантите извикуваа „Џонсон засрами се“. Неговиот план наиде и на противење помеѓу дел од пратениците кои планираат неделава да донесат законски прописи со кои ќе спречат излез од Европската Унија без договор.
Затворањето на парламентот од страна на Џонсон се оспорува и во три поединечни судски случаи.