Џафер ќе го затвори Културното лето на Општина Кисела Вод

Вечерва, со почеток од 20:00 часот, на месноста „Три круши” на затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019″ концерти ќе одржат познатите музички имиња Мики Јовановски-Џафер,  Искра Трпева, Ѓоко Танески и КУД „Китка”.

Од почетокот на културната манифестација, љубителите на добрата музика на повеќе локации во Кисела Вода имаа можност да ги слушнат и видат своите миленици: Ефто Пупиновски, Дани Димитровска, Бени и Нон Стоп, Анастасија Петреска, групата Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Сузана Спасовска, Александар Митевски, Драган Спасов – Дац и Кристина Арнаудова.

Културното лето се одржува под покровителство на градоначалникот Филип Темелковски.

Треба да знаете
Последни објави