Собранието на денешното продолжение на 110. седница го избра Хисен Исмаили за министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претрпијатија.
Хисен Џемаили е роден 1976 година и живее во Тетово, каде во 1994 година завршува средно образование во гимназцијата „Кирил Пејчиновиќ”. Во 2000 година се стекнува со диплома професор по географија и историја на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи” во Скадар, Албанија, а во 2011 година и магистер по Менаџмент на животна средина, на Институтот за животна средина и здравје при Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Од 2012 година работи на докторски студии на отсек одржлив развој на Еуропиан Универзитетот во Тирана.
Зборува албански (мајчин јазик), македонски и англиски јазик, од компјутерски вештини работи Ворд, Ексел и Пауер поинт, како и статистички програми, интернет и друго.
Работи како редовен асистен професор на Универзитетот во Тетово, на катедрата по Географија од 2012 година.
Од 2013 до 2017 година е претседател на Совет на општина Тетово, а од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието. Од 2007 до 2008 година работи како раководител на Сектор за инспекциски надзор при Комуналниот инспекторат во Општина Тетово.