Саинц останува во Ферари

Шпанскиот автомобилист Карлос Саинц го продолжи договорот со Ферари за уште две години и ќе остане зад воланот во црвениот болид до крајот на 2024 година, објави денеска италијанскиот Формула 1 тим спроти четвртата овосезонска трка, која в недела ќе се вози во Имола.

Саинц Јуниор, 27-годишниот син на двократниот светски првак во рели Карлос Саинц, во Ферари дојде на почетокот на минатата сезона, откако две години беше член на Мекларен, а во Формула 1 дебитираше во 2015 година во болидот на Торо Росо.

– Отсекогаш тврдев дека не постои подобра екипа (од Ферари) во Формула 1 за која можеш да возиш. Откако тука сум веќе над една година можам да потврдам дека да ја претставуваш оваа екипа е уникатно и неспоредливо доживување, изјави шпанскиот возач.

Саинц зад себе има 143 трки во Формула 1 на кои осум пати се искачуваше на пиедесталот. Три пати беше втор, а петпати третопласиран.

Треба да знаете
Последни објави