Кичево: Наградата рудар на годината во рацете на Осман Челику

По повод Денот на рударите беа наградени најдобрите работници за минатата година во РЕК “Осломеј” во Кичево. наградата рудар на годината ја доби инженерот по рударство Осман Челику, информира директорот на РЕК „Осломеј” Ќерим Халили.

Тој додаде дека критериум за избор била пред се посветеноста и дициплината при секојдневното работење.

– Затоа мислам дека сосема заслужено наградата замина во рацете на инжинерот по рударство во нашиот комбинат Осман Челику, рече тој.

Нагрдата на Челику му ја додели генералниот дитектор на ЕЛЕМ Васко Ковачевски кој присуствуваше на свеченоста организирана во комбинатот, заедно со заменик директорот на ЕЛЕМ Фатмир Лимани. На рударите празникот им го честиташе и градонагалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

Треба да знаете
Последни објави