Гостиварец се повреди сечејќи дрва со моторна пила

Четириесет и двегодишен маж бил пренесен со повреди вчера во Медицинскиот центар Гостивар.

Како што јави МВР, мажот од селото Падалиште, гостиварско, се здобил со повреди сечејќи дрва со моторна пила во атарот на селото Ќафа.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави