Најдобриот тенисер во светот, водечкиот на АТП-листата, Србинот Новак Ѓоковиќ застана во одбрана на руските и белоруските колеги откако оранизаторот на гренд-слем турнирот Вимблдон одлучи да им забрани настап оваа година поради руската инвазија на Украина. Првиот светски рекет смета дека ова е неспортска одлука на „Ол Ингланд клубот“, која исто така се коси со препораките на АТП и ВТА кои дозволуваат настап на Русите и Белорусите, но без национални обележја.
-Секогаш ќе осудувам војна, никогаш нема да подржам такво нешто, бидејќи и јас сум дете на војна, рече Ѓоковиќ во Белград и додаде: -Знам колкава траума остава тоа и ние на Балканот имавме многу војни, но не можам да ја подржам оваа одлука на Вимблдон, тоа лудост. Играчите и тренерите немаат никаква врска со тоа. Мешањето на политиката во спортот не смее да се случува, додаде првиот светски тениски рекет.