Американската крајбрежна стража испрати неколку бродови за да им помогне на повеќе од 30 лица во неволја во близина на брегот на Јужна Калифорнија.
Крајбрежната стража на Лос Анџелес објави на Твитер дека 34 луѓето се наоѓале на брод што гори во близина на островот Санта Круз. Дел од локалните медиуми јавија дека се стравува за најмалку дваесетина жртви.
Тие додадоа дека членови на екипажот биле спасени, а спасувачите работеле на евакуација на патниците.