Колумбискиот фудбалски интернационалец Радамел Фалкао кој од Монако се пресели во турскиот Галатасарај, имаше спектакуларен пречек во Истанбул. Искусниот 33-годишен напаѓач во Истанбул беше дочекан од 25.000 симпатизери на Галатасарај.
Колумбиец потпиша тригодишен догвор со клубот од Истанбул. Тоа беше сигнал да се соберат неговите навивачи на аеродромот во Истанбул и да го фасцинираат Фалкао уште при пристигнувањето во Турција.
-Ова е чудесно. Почнува една нова и се надевам успешна приказна – изјави воодушевениот Фалкао.