Пилот на американската агенција, Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), влета во центарот на ураганот Доријан, кој достигна моќ од петта категорија.
Видеото направено во пилотската кабина покажува како изгледа летот и како „ловецот на урагани“ успеа да пробие многу моќен и опасен вител и да стигне до центарот каде е мир.
Како што е, наветено, тој ја извршил акцијата со авион „Локхид ВП-3Д Орион“, кој го нарекуваат „Кермит“, според ликот на жабата од популарната куклена тв-серија „Мапет шоу“, пренесува „Индекс“.
На видеото се гледа и дека кабината на авионот е украсена со маскота од Кермит.