Костариканскиот фудбалски репрезентативен голман Кејлор Навас според шпанските медиуми по синоќешниот натпревар со Виљареал, се збогувал со своите соиграчи од Реал Мадрид. Според медиумите кој не се вратил со екипата во Мадрид, туку се упатил кон Париз каде денеска треба да го комплетира трансферот во ПСЖ. Реал за возврат ќе го добие Ареола.
Навас не настапи на официјален натпревар за „кралевите“во новата сезона. Три меча од шпанската Примера ги одгледа од клупата за резервни играчи. Последен пат меѓу стативите беше во последното коло од минатата сезона, во поразот од Бетис со 0-2 кога навивачите се збогуваа од него.