Секторот за внатрешни работи од Охрид соопшти дека викендов во водите на Охридското Езеро се случил инцидент со потонување на педалинка, кој за среќа минал без настрадани. Случајот го пријавиле три млади лица од Гостивар кои се разладувала на 30-метри од брегот на езерото и успеале да се извлечат од неприајтната ситуација.
Момче на 21-годишно лице од Гостивар пријавило педалинката што заедно со уште две лица од неговиот град ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото, почнала да тоне. Притоа двете лица испливале на брегот, а лицето што го пријавило случајот во полиција со помош на друга педалинка што била во близина се спасило и било префрлен на брегот.
На местото на настанот е извршен увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници за натамошна постапка.