Млад човек од Австралија кој бил на обука за управување со мал авион успешно го слетал авионот на неговиот прв лет, откако неговиот инструктор загубил свест.
Макс Силвестер (29) бил на првиот час за летање со „цесна“, авион со две седишта и еден мотор наменет за тренинг, а неговата сопруга и трите мали деца го гледале од земјата, пренесува Еј-би-си.
Аудио снимка од неговиот разговор со контролата на летови на аеродромот Јандакот во јужното предградие на Перт беше објавено во понеделник и покажува дека тој бил неверојатно смирен кога сфатил дека неговиот инструктор по летање се онесвестил на летот во саботата.
„Дали знаете како да управувате со авион?“, прашува операторот.
„Ова е моја прва лекција“, одговора Силвестер, додавајќи дека тој никогаш не слетал со авион.
Контролорот му вели да кружи над аеродромот додека му ја објаснува постапката за слетување.
„Одлично работите. Знам дека ситуацијата е навистина стресна, но вие ќе направите одлична работа и ние ќе ви помогнеме да слетате“, зборува контролорот на снимката.
29-годишникот со „цесната“ речиси совршено.
Сопственикот на школата за летање, Чак Мекелви изјавил дека во неговата 30-годишна кариера никогаш претходно не бил сведок на таков инцидент.